Соопштение за јавност
Организираното прекршување на изборниот процес, притисоците врз граѓаните и злоупотребата на институциите за партиски цели пред избори беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и тоа време заврши.
Заврши времето кога некој можеше неказниво да спроведува закани, насилства и притисоци и потоа сето тоа да го заташкува и да го крие од јавноста, без било кој да понесе одговорност.
Денес, институциите се професионализирани, ослободени од партиските стеги и работат во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Доказ за тоа е и експресното расчистување на вчерашниот инцидент во Шуто Оризари.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да шири вознемиреност и да ги остави институциите да ја вршат својата работа. Граѓаните и политичките субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.
Скопје,03.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА