Соопштение за јавност
Со чесни луѓе, добри политичари добри градоначалнци ќе одржиме лекција по економија, a Македонија ќе биде успешна економска приказна, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Велес.
„Продолжуваме со концептот за враќање на повеќе пари кај граѓаните, бидејќи наша главна цел е граѓаните да имаат повеќе пари во семејните буџети. Ако ги намалиме трошоците и сметките, ако обезбедиме дополнителни приходи за граѓаните, тогаш тие ќе имаат повеќе пари и тогаш ќе ни ја биде Македонија.“ порача претседателот Заев пред граѓаните.
Претседателот на СДСМ порача дека преку децентрализацијата на власта, одлуките на локалните власти ќе бидат поблиску до граѓаните, а тоа значи дека парите ќе одат онаму каде што ќе кажат граѓаните.
„Покажавме дека зборот е збор и затоа на 15 октомври излезете масовно и дадете поддршка на Аце Коцевски и советничката листа, за живот во Велес, за живот во Македонија“, порача Зоран Заев.