Соопштение за јавност
Промените што започнаа на 11 декември 2016 година, ќе се заокружат со ослободувањето на секоја општина во Македонија, што е заробена од ВМРО-ДПМНЕ, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на вечерашниот митинг во Старо Нагоричане.
Пред граѓаните, Спасовски посочи дека секој поединец е важен и дека заврши времето кога некој бил дискриминаран поради политичката определба.
„Заврши времето кога земјоделците не можеа да земаат пензии само поради тоа што не биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и нивните моќници. Сега, за неполни сто дена професионално и неселктивно се исплатени 68 милиони евра на сите земјоделци кои го имаат тоа право“ посочи Спасовски.
Спасовски ги повика граѓаните да дадат масовна поддршка за кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Жаклина Јовановска и листата за советници во општината и со тоа да стават крај на неодговорното владеење и да си ја вратат општината назад.