fbpx

Заев од Крива Паланка: Граѓанинот е центар на вниманието, ќе се бориме за решавање на проблемите на секој поединец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Колку убава глетка, полн плоштад, полна улица. Се е подготвено за промените во Крива Паланка, за победа!“, го започна своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Крива Паланка.

Претседателот Заев истакна дека во центарот на вниманието на новите политики е поединецот, граѓанинот. Тој најави ново време во кое проблемот на секој граѓанин ќе се решава бидејќи како што рече смислата на постоење на општините, владата и парламентот е токму заради граѓаните.

Во однос на гасификацијата на Крива Паланка, како важен проект кој ќе се спроведува и на цела територија на државата, претседателот Заев ја изрази својата поддршка до идниот совет и идниот градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и им порача дека ја имаат на располагање неговата помош и искуство.

„Пред гасификацијата, во Струмица се трошеа 420.00 евра за загревање на градинките и училиштата. Денес, за загревање се трошат 170.000 евра. Сите овие повеќе од 250.000 евра остануваат ресурс за развој на градинките и на училиштата.Тие градат веќе нови кабинети, нови спортски училници, нови реквизити и ги подобруваат условите со тие пари“, соопшти претседателот.

Како еден од поважните проекти од програмата Живот во Крива Паланка, претседателот Заев ја издвои изградбата на подземна улица и подземен паркинг простор под самиот плоштад со што ќе се расчисти сообраќајниот метеж.

„Исправен сум вечерва пред вас да ви дадам збор и поддршка за Крива Паланка, за развојот на вашата општина, на оваа прекрасна наша македонска општина“, порача претседателот Заев на вечерашниот митинг во Крива Паланка.

 

 

 

Последни вести