fbpx

Заев: Изградбата на рудниците во Валандово ќе престане, здравјето на граѓаните е најважно!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ги посети граѓаните на Валандово, Пирава и Јосифово.

Претседателот Заев ги увери валандовчани дека Владата што тој ја предводи ќе застане на нивна страна и во интерес на нивното здравје ќе се спротивстави на изградба на рудникот Казандол во овој регион.

„Овие концесии за експлоатации и дел за геолошки истражувања се дадени од претходната власт. Ние ќе водиме мудри постапки, да не нанесеме милионски штети на државата, но едно да знаете рудниците ќе застанат. Добро е да се подготви целиот менаџмент дека ќе престане изградбата на рудниците, заради тоа што тие носат лошо здравје, слаби перспективи и уништување на иднината на сегашните и на идните генерации“, рече претседателот Заев, на денешната средба со граѓаните на Валандово.

Тој најави дека граѓанските организации кои што се спротивставија на изградбата на рудниците имаат јасна и недвосмислена поддршка и порача дека заедно ќе го спречат отворањето на рудникот Казандол.

„Нашите ставови јавно ги кажуваме. Отворено застанавме со поддршка на граѓанските организации. Жал ми е што не успеавме досега, но тука сум јас да ви помогнам. Да успееме до крај. Јас сум економист, бизнисмен човек. Но, зарем има нешто поважно од здравјето на луѓето. Од здравјето на нашите деца. Нема ништо поважно од тоа. Затоа нашиот официјален став е да престане изградбата на рудниците, да престанат сите постапки околу рудниците, затоа што тоа не е иднината на овој бисер на земјоделието на Република Македонија“, изјави претседателот Заев.

 

Последни вести