fbpx

Заев со Шилегов пред Универзална сала: Скопје ќе биде град што поврзува, современа метропола,да ги продолжиме промените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-Е ова е слободата, ова е убавината и иднината. За ова се боревме и ова го живееме. Цело ќе биде, кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје и скопските општини, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Форумот со граѓаните во скопски Центар, организиран пред Универзалната сала во Скопје.

-Иднината на Скопје е град што поврзува, современа метропола на Република Македонија. Мора да бидеме отворени и да слушаме, само така ќе си го слушаме нашиот народ, ако ги слушаме нашите граѓани, нема да има грешка, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека “главниот град е Македонија во мало”.

-Скопје ни ја отсликува Македонија. Овде сме и Македонци и Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други. Ако ни живее Скопје ќе живее и Македонија, рече претседателот Заев.

На граѓанскиот форум се обратија и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и носителката на Советничката листа на СДСМ и коалицијата, Билјана Секуловска Габер.

-Имам среќа што работам меѓу луѓе кои работат по план. Ќе градиме посветено и плански. Целокупната инфраструктура ќе биде изградена еднаш и да служи на сите. Ќе бидам градоначалник кој гради мостови и ги спојува граѓаните. И, на крајот од мојот мандат, Скопје да ја добие титулата зелена престолнина на Европа, вети кандидатот за градоначалник на Скопје, Шилегов.

-Се обврзуваме како претставници на Советот да ги почитуваме сите граѓански иницијативи. И ве охрабруваме вас граѓаните да земете учество во креирањето на јавните политики, рече носителката на Советничката листа на СДСМ и коалицијата, Секуловска Габер.

На крајот од Форумот со граѓаните во Центар, Скопје, претседателот Заев повика на грижа за секој, како што почнаа да работат новите одговорни политичари.

-Мои скопјани, вие сте жители на градот на солидарноста, ве повикувам да ‘не надминете во
солидарност, пријателство, соработката. Грижете се за секој, бидејки секој е важен, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Форумот со граѓаните пред Универзалната сала во Скопје.

 

Последни вести