Соопштение за јавност
Единствено што Никола Груевски и Коце Трајановски реализирале во Скопје е криминалот преку „Скопје 2014“. За сомнителни зделки и бизнис интереси токму Груевски и Трајановски го обезличија Скопје, го уништија зеленилото, а граѓаните ги оставија да се гушат во загаден воздух.
Груевски и Трајановски дозволија чад и смог да ги труе граѓаните и нивните деца и создадоа сообраќаен хаос во градот. Тоа се „проектите“ со кои што можат да се пофалат Никола Груевски и Коце Трајановски.
По победата на 15 октомври, скопјани ќе добијат градоначалник и општинска администрација која што ќе биде отворена за нивните потреби, која што ќе обезбеди чист воздух во градот, ќе го реши сообраќајниот хаос, ќе гради по план… Скопје ќе стане поврзан и функционален град, со модерни и квалитетни улици и квалитетни јавни услуги.
Скопје, 01.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА