fbpx

ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за закон што го кочеше со месеци, Владата на СДСМ го реши деценискиот проблем на стечајните работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со своето лицемерно однесување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните. Партијата што со месеци го блокираше Законот за стечајци, денес лицемерно покажува грижа за стечајните работници.

Како што вети, Владата предводена од СДСМ, уште во првите сто дена го реши статусот на стејачните работници со кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше. Околу 3500 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 7596 денари со што се исправа децениската неправда кон оваа категорија граѓани.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните. По победата на локалните избори, таквиот пристап ќе продолжи и во институциите на локално ниво.

 

 

Скопје, 01.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести