fbpx

Пo Бутел, Шилегов денеска во Сарај и Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на вчерашниот шести ден од кампањата за локални избори 2017 (30-ти септември), ја посети општина Бутел, каде што одржа средба со граѓани на штандот пред пазарчето.

Шилегов ги посети дуќаните и пазарчето во ТЦ Живко Брајковски, и даде изјава за медиумите.
„Целокупниот општествен и државен систем во Република Македонија беше воспоставен да партијата биде над државата и над граѓаните. Веќе во изминативе четири месеци граѓаните на Македонија може да видат дека политиката може да работи сосема поинаку, суштината токму и на овие локални избори е да ги вратиме граѓаните во центарот на збиднувањата, бидејќи не можете да решите нечии проблем од канцеларија. Морате да ги видите луѓето, да разговарате за нивниот проблем и потоа да донесете заедничка одлука со луѓето, со граѓаните. Конкретно, за младите во Скопје, во инфраструктурата која што во објектите којшто пропаѓаат, а се во сопственост на градот или во зоните во којшто е тоа можно да се изведе со минимални вложувања, верувајте доколку имате искрен приод ќе ги создадеме така наречените младински „хабови“, каде што за почеток на бизнисот и за задржување, за застанување на две нозе на бизнисот, младите ќе ја добијат поддршката од градот, ново отворените фирми создадени од младите лица ќе бидат, симболично како за почеток, за поддршката, ослободени од комуналните такси. Во тие „хабови“ ќе биде доведена целокупната инфраструктура и ќе биде ставена на новите фирми на услуга на достап за субвенционирање, да не речам по бесплатни цени со цел да младите луѓе се охрабрат и самите го создадат своето работно место за да не работат за 12.000 денари“, истакна Шилегов.

Во партиски простории на ОО СДСМ Бутел, Шилегов оствари средба со жените од општината.
Во текот на вчерашниот ден, Петре Шилегов ги посети Визбегово и Љуботен, каде оствари повеќе средби со граѓани.

Седмиот ден од кампањата, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја посети општина Аеродром, а денот ќе го започне со средби во Општина Сарај.

Точно на пладне, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи на Форум на граѓани. Шилегов заедно со Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Билјана Секуловска -Габер ќе говорат пред граѓаните.

Во општина Чаир, во 13:30 часот, Петре Шилегов ќе се сретне со кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу.

Во 17.30 на игралиштето зад Т.Ц. „Три Бисери“ на отворената трибина Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Мартин, ќе зборуваат за урбанистичкото планирање во Аеродром.

 

 

 

Последни вести