fbpx

Новата градска власт ќе го реконструира ГТЦ, неговата запуштеност е доказ за игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски кон Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фотографиите од Градскиот трговски центар што денеска ги презентираше ВМРО-ДПМНЕ се најдобриот доказ за односот на оваа партија и Коце Трајановски кон една од најрепрезентативните градби во Скопје, кон Скопје и кон граѓаните.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски навистина се грижеа за ГТЦ досега ќе го реконструираа објектот, но наместо тоа тие се решија присилно да наметнат квазибарокно решение за објектот. Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што граѓаните не дозволија да се реализира уште еден во низата криминални проекти и на ГТЦ да му се наметне лажен барок од стиропор и гипс- картон.

Новата градска администрација ќе ги санира штетите на ГТЦ што се резултат од осумгодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски, дополнително ќе инвестира во нови содржини и нема да дозволи уште едно нагрдување на градскиот лик заради остварување на нечии криминални интереси.

Скопје, 29.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести