fbpx

Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со „Колска“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лажните вести што секојдневно ги пласираат, нема да им помогнат на ВМРО-ДПМНЕ да ги сокријат штетите што ги направија и стравот од поразот на претстојните избори.

Долгогодишниот проблем со фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, кој ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираше е надминат, обезбедено е функционирање на фабриката, а во фаза е и изнаоѓање на долгорочно решение.

Владата донесе заклучок со кој се обезбедени 15 милиони денари за Колска, со кои не само што ќе се исплатат плати за неколку дена, туку ќе се искористат и за набавка на материјал, за фабриката да продолжи да работи.

Наспроти деструкцијата, ароганцијата и игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку посветен, одговорен и транспарентен пристап продолжува да ги решава напластените проблеми кои се директна последица од 11 годишното неодговорно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 29.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести