fbpx

Спасовски: Со новата локална власт заеднички ќе работиме Маврово Ростуша да стане подобро место за живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, синоќа беше со граѓаните на Маврово Ростуша.

Во обраќањето пред жителите Спасовски порача дека клучно за Маврово Росушта е создавањето подобри услови за живот, за младите од оваа општина да можат својата иднина да ја градат во својот роден крај, да запре исселувањето.

„Како што покажавме во изминтатите 100 дена, дека може да се работи одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните така и ќе продолжиме. Владата и премиерот Зоран Заев се цврсто решени да му помогнат на Маврово – Ростушa не само да живее, туку повторно да биде едно од најубавите места за живот во Македонија. Со новата локална власт предводена од СДСМ заеднички ќе изградиме инфраструктура, водоводни и канализациони мрежи за секое населено место, за сите. Заеднички ќе се бориме за секое ново работно место, ќе го развиваме туризмот и ќе ја заштитуваме природата во овој крај“ порача Спасовски.

Во своето обраќање Спасовски потенцираше дека е потребна силна поддршка за кандидатите и советничките листи на СДСМ за промените што започнаа на парламентарните избори минатата година, да продолжат и на локално ниво, за живот во Македонија за сите.

 

 

Последни вести