fbpx

Трајановски е најголемиот поттикнувач на загадувањето, граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно и расипничко владеење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коце Трајановски ќе остане запаметен како градоначалник што нанесе најголема штета врз градот Скопје и неговото нормално функционирање.
Целокупното владеење на Трајановски, продолжената рака на Никола Груевски беше на штета на граѓаните и градот и исклучиво за задоволување на криминалните апетити на Груевски.

Трајановски по нарачка на Груевски потроши стотици милиони евра за скапи и промашени проекти кои не го подобрија квалитетот на живот. Денес, речиси никој не се сеќава на градската плажа, на палмите, на врбите во Вардар за кои Коце потроши милиони евра пари на граѓаните. Очигледно е дека овие, како и многу други пропаднати проекти служеа само за задоволување нечии криминални и бизнис интерес.

Дополнително, Трајановски ќе остане запаметен како најголемиот поддржувач и поттикнувач на загадувањето во Скопје. Во двата негови мандата градот загуби илјадници квадратни метри зелен простор за на нив да се гради лажен барок, нефункционални катни гаражи и споменици. Со неделувањето против аерозагадувањето, крадоначалникот Трајановски го загрози здравјето на стотици илјади граѓани.

Трајановски ќе понесе одговорност за расипничкото трошење на народните пари и за загрозувањето на здравјето на граѓаните. На локалните избори граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно, коруптивно и расипничко владеење и ќе изберат нова градска власт предводена од СДСМ што ќе работи домаќински, одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 27.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести