fbpx

Спасовски од Могила: Докажавме како се работи во интерес на граѓаните, се бориме за подобар живот во сите општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Општина Могила, свое обраќање пред граѓаните имаше потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кој пред граѓаните порача дека Владата на СДСМ и парламентарното мнозинство за само стотина дена од мандатот докажаа како е да се работи во интерес на граѓаните и дека тоа ќе се преслика и на локално ниво.

„За само сто дена покажавме дека зборот е збор. Ветивме дека ќе донесеме нов закон за повисока минимална плата и тоа го остваривме. Минималната плата сега изнесува 12 000 денари. Го донесовме и Законот стечајни работници и ќе ги обештетиме тие граѓани за повеќе да нема стечајни работници во Македонија“ порача Спасовски додавајќи дека промените продолжуваат и по локалните избори кои не се само обични избори туку битка за подобар живот за сите граѓани во сите општини.

 

 

 

 

Последни вести