fbpx

Заев од првиот митинг за локалните избори: Од Америка доаѓам во Демир Хисар и ви носам порака, Македонија оди напред, ќе има живот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Од Америка доаѓам во Демир Хисар и ќе ви порачам, Македонија ја вративме повторно на шини, Македонија оди напред! Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град.“ порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првото обраќање во Демир Хисар од каде што централниот караван на СДСМ ја стартуваше кампањата за локалните избори.

„Покажавме дека граѓаните се нашата движечка енергија. Покажавме дека Владата може да биде услужна и достапна за граѓаните. Парите ги враќаме кај вас граѓаните. Да продолжиме да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените.“ повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги објасни четирите столба на коишто се потпира програмата на СДСМ, за општините, градење по план, чиста вода и чист воздух, повеќе пари кај граѓаните, услужна и отворена општина за сите.

„Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и совет во општините. Ова се избори на кои одлучуваме како ќе продолжиме. Граѓаните веќе избраа слобода, Македонија веќе живее нова ера на слобода од режимот на Никола Груевски. Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 19 за живот во општина Демир Хисар за сите.“ порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од кампањата за локалните избори во Демир Хисар.

 

 

 

Последни вести