fbpx

Заврши криминалната ера на Груевски што ја уништи економијата, се поставуваат здрави основи за економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Христијан Делев е дел од криминалната ера на Никола Груевски. Ширењето на манипулации потврдуваат дека тој и Никола Груевски се најзаслужни за систематското уништување на економијата изминативе 11 години.

Падот на БДП во вториот квартал, месец април, мај и јуни е заради пролонгирањето на политичката криза од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кои на секој начин се обидуваа да спречат мирен трансфер на власта. Исто така удел имаат и грешките што тие ги направија при договорот, надзорот и изведбата на автопатите, а кои ги решава Владата предводена од СДСМ.

Последните податоци на Министерството за финансии за БДП, по периодот на кризата покажуваат раст на приходите, стабилен раст на извозот и забрзување на растот на потрошувачката на домаќинствата.

Владата предводена од СДСМ ги санира наследените штети во економијата од претходната расипничка власт на ВМРО-ДПМНЕ и поставува здрави основи за реален економски раст од кој бенефит ќе почувствуваат сите граѓани!

 

 

Скопје, 25.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести