Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз започна со презентација на чесната понуда на кандидати за градоначалници и совети и програми што носат живот во сите општини и ставаат крај на криминалната ера на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ кои својата кампања ја почнаа со прес конференции на кои испорачуваат лажни ветувања од скапоцениот партиски дворец, изолирани и со километри оддалечени од своите сограѓани и избирачи, кандидатите на СДСМ заедно со граѓаните, отчетно и домаќински работат на изнаоѓање на решенија за долгогодишните проблеми.
Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство за стотина дена покажаа дека може да се работи, одговорно, домаќински и отчетно во интерес на граѓаните. По победата на СДСМ на локалните избори, таквиот одговорен пристап ќе продолжи и на локално ниво, кога општините ќе добијат нови услужни локални власти предводени од СДСМ.
Скопје, 25.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА