fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже, ерата на злоупотреба на полицијата заврши со заминувањето на Груевски во опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести преку кои очајнички се обидува да се спаси од извесниот пораз на локалните избори.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантираше лажните вести што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребата на полицијата за предизборно застрашување и попречување на слободно движење беше главна одлика на владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ. Таквата криминална ера на злоупотреби на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција.

Ослободувањето и професионализацијата на државните институции гарантираат слободни, фер и регуларни избори на кои целосно ќе се испочитува избирачката волја на граѓаните и ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може тоа да го промени.

 

Скопје, 23.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести