fbpx

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат стравот од изборен пораз, граѓаните може да бидат спокојни, економијата оди напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешното управување на финансиите од страна на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести. Граѓаните можат да бидат спокојни, економијата се движи напред.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека странски инвеститори планираат да заминат од земјата, интересот за инвестирање во земјава се зголемува. Со новиот План за економски раст се обезбедува стабилна бизнис клима за трајни и долгорочни инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која не плаќа данок, лаже дека платите се намалуваат. Вистината е дека просечната нето плата во месеците јуни и јули 2017 година се зголемила за 2% во однос на истиот период, минатата година!

Очигледно е, во ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од изборниот пораз.

 

Скопје, 23.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести