fbpx

Николова кон Јаневска: Зошто го намаливте бројот на стипендиите за студентите од општествени науки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова, во рамките на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со студентскиот стандард и студентските стипендии.
Во продолжение интегрален текст на прашањата:

Сите ние зборуваме за проблемот со иселување на младите од нашата држава. Загрижува податокот што и понатаму имаме одлив на интелектуалната младина надвор од државата. Овој проблем е повеќе децениски.
Во таа насока Владата на СДСМ посветено работеше на студентскиот стандарт. Студентите со поздравување ги дочекаа мерките како што е студентскиот оброк, покачувањето на стипендиите за речиси 100%, воведувањето на нови категории на стипендии, враќањето на стипендиите за потстидиломците по една деценија, воведувањето на стипендиите на докторантите, обнова и реконструкција на студентските домови.

Со задоволство констатирав дека и Вие сте го согледале овој напредок во однос на студенскиот стандрд во изминатите години кога Владата беше предводиено од СДСМ, па така во едно ваше интервју потенциравте дека средствата од Германска равојна банка во вредност од 20 милиони евра и гранд од 5 милион евра преку програмата за регионална енергетска ефикаснсот на Западен Балкан на ЕУ, кои се однесуваат на реновирањето на студентските домови, кое е во тек, се обезбедени од предходната власт. Исто така потенциравде дека оваа Влада треба да ги дозаврши реновирањето на студенските домови во што е можен побрз рок, за да можат студентите да имаат пристојен живот.
Во истото интервју потенциравте дека не сте биле ниту свесна за тоа колку многу средства се издвојувале за студенскиот стандард, потврдувајќи дека државата издвојувала Ве цитирам „ОГРОМНИ пари за студенскиот стандард“, констатиравте и дека студентите добиваат стипендии за дефицитарните струки што е еден од начините да се потикната да се запишуваат на овие студенски групи.

На 22.10.24 година претставници на студентите, односно на Националното студенско тело, Ви испратија барање за преразгледување на бројот на стипендии за студентите на општествените науки од конкурсут за акдемската 2024/25 година. Ова нивно обраќање до Вас е по реакциите на студентите за намалување на бројот на стипендии. Имено на минатогодишниот конкурс биле доделени 10 стипендии за општествени науки, а годинава се предвидени само 4 и покрај тоа што бројот на стипендии за техничко-технолошките и природно математичките науки остануваат на високо ниво (40 стипендии), а податоците велат дека лани беа искористени само 24.

Студентите предлагаат решение, така што доколку не се искористат предвидениот број на стипендии во останатите научни подрачја, апликантите од општествените науки да имаат можност за дополнително разгледување на нивните апликации.

Иако во јавноста можеше да се прочита Ваше јавно соопштение дека го прифаќате понуденото решение, сепак во комуникацијата со студентите добивме одговор дека нема сеуште ништо конкретно во однос на овој проблем. Моите прашања се:

1.Ме интерсира зошто го намаливте бројот на стипендиите за студентите од општествени науки кога на конкурсот ги приклучивте и студентите од интегрираните студии со што се зголеми бројот на потенциијалните кандидати?

2.Дали ќе го реализираате Вашето ветување за порамномерна прераспределба на стипендиите и понатаму да обезбедите фер услови за студентите, но и на учениците од овие области, бидејќи факт е дека и дуалните паралелки се зголемуваат по број, ама бројот на стипенциите остануваат исти ?

3. Планиратели ли нови програми за стипендирање? Со оглед на тоа што стипендиите се единствена форма на финансиска подршка за многу студенти, ученици, такви се очекувањата на студените и на ученици.

Очекуваме Министерството за образование да нуди решенија кои ќе бидат во интерес на сите студенти и ученици.

Последни вести