Соопштение за јавност
Лажна вест е дека Владата предводена од СДСМ ќе ги укине субвенциите за земјоделците. Земјоделците да бидат спокојни.
Нема да има никакво намалување или укинување на субвенциите, но исто така тие нема да се користат како инструмент за притисок врз земјоделците или да се делат на лажни земјоделци како што беше за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, ќе се спроведе и анализа за досегашниот ефект од субвенциите.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои субвенциите ги користеа како инструмент за поткуп и притисоци врз земјоделците, Владата предводена од СДСМ, навремено и неселективно ги исплаќа субвенциите за земјоделците, а со домаќинското и одговорно работење обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува руралниот развој и севкупниот економски напредок
Скопје, 20.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА