fbpx

Се реализира едно од клучните ветувања во интерес на граѓаните, се овозможува повисока минимална плата од 12.000 денари!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги реализираат ветувањата дадени кон граѓаните, усвоен е Законот за минимална плата и веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка.

Ова е првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен раст на платите, а ефектите директно ќе ги почувствуваат околу 130.000 работници кои ќе добиваат повисока плата.

Со овој закон се исправа долгогодишната неправда кон работниците од кожарската и текстилна индустрија кои исто така ќе земаат минимална плата во висина од 12.000 денари, за разлика од претходно кога земаа плата пониска од минимално утврдената.

 

Скопје, 19.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести