fbpx

Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги насочува парите назад кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ најбогатата партија од Европа која не плаќа данок, не престанува да шири лажни вести.

Девизните резерви, не се стопени како што лаже ВМРО ДПМНЕ, туку преку единствената државна сметка редовно се исплаќаат доспеаните рати од стари кредити со коишто претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за криминални тендери и зделки по нарачка на Никола Груевски.

Ниту една бесмислена математика нема да ги спаси ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од пораз на локалните избори и одговорност за сторените криминали на штета на граѓаните.

На официјалната веб страница на Министерството за финансии транспарентно се објавени сите информации поврзани со реализираните аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, но и за нивото и висината на авниот долг. Задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат со намалена зачестеност, по поволни услови и транспарентно, што не беше случај претходно.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Владата предводена од СДСМ повеќе пари од буџетот насочува за потребите на граѓаните и затоа хистерично шири лажни вести и работи спротивно јавниот интерес на граѓаните!

 

Скопје, 20.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести