Соопштение за јавност
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во изјава за Слободен печат, најостро ги осуди вчерашните инциденти предизвикани од одредени поединци, кои со своите постапки ги нарушија државните симболи.
„Тоа што се случи вчера, СДСМ најостро го осудува. Таков чин на сквернавење на македонското знаме и пукање со калашникови, понижувања низ улиците на Скопје и низ цела држава е апсолутно недозволиво за една држава. Она што СДСМ во континуитет претходните шест месеци го збореше и на коешто ставаше акцент а тоа небезбедноста на улиците, имавме над 20 вооружени обиди за убиство и немили сцени на улиците, вчера кулминираше. Вчера видовме едно тотално задоцнување на институциите“, рече Димитријевиќ, во изјава за Слободен печат.
При тоа, Димитријевиќ, потенцираше дека граѓаните со право се загрижени и вознемирени за безбедноста во градот.
„Граѓаните се со право вознемирени, денеска на скопските улици и на улиците низ цела држава граѓаните не се чувствуваат безбедно, затоа што ако тие што треба да не штитат и тие што треба да го воспостават редот на одредени настани и да ја направат целата организација, вчера видовме како го направија тоа. Вчера имаше еден тотален хаос нешто што е незамисливо за една нормална европска држава“, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.