fbpx

Планот за економски раст ќе го помага растот на малите и средни претпријатија кои ќе бидат генератор на идниот економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во планот за економски раст предвидено е државата да го следи и помага растот и развојот на малите и средните претпријатија за кои се очекува да бидат генератор на идниот економски раст.

Државата ќе стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка од покривање на 30% на директните трошоците за малите и средни претпријатија коишто ќе ги прифатат и применат европските технички прописи за безбедност на производите.

Ќе следува и финансиска поддршка од покривање на 30% од директните трошоци и на оние мали и средни претпријатија коишто ќе ги патентираат своите производи и за оние коишто ќе воведуваат нови информациони системи со што владата предводена од СДСМ овозможува брз раст на малите и средни претпријатија.

За разлика од потценувачкиот однос што претходната власт го имаше кон домашните фирми, со незначителната државна помош од само 2 евра годишно по фирма, со казните, притисоците и репресиите заради кои се затворија над 10.000 домашни фирми, а секоја трета беше со блокирана сметка, новата влада предводена од СДСМ со значителна буџетска поддршка ги отвора економските перпективи за малите и средни претпријатија за нивен раст и развој за да отвораат нови работни места и да исплаќаат повисоки плати за вработените.

Планот за економски раст ја отвора спиралата на пораст на платите, на развој и раст на фирмите и на севкупен економски раст на економијата, а крајниот ефект директно ќе го почувствуваат граѓаните преку квалитетниот животен стандард!

 

Скопје, 16.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести