fbpx

Планот за економски раст на Владата предводена од СДСМ ги задржува високообразовните кадри и ја отвора спиралата за раст на платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Преку планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува услови за развивање на стабилна бизнис клима што ќе ја позиционира земјата како крајна стабилна дестинација за издржани и сигурни инвестиции.

Се работи на подобрување на инвестициската слика за Македонија од земја која што ги нудеше своите работиници како евтина работна сила, во земја што нуди државна поддршка и услови за отворање на нови доброплатени работни места, правна сигурност, поврзување со европските пазари и стандарди и реализација на капитални инвестиции за развој на патната, железничката и енергетската инфраструктура.

Планот за економски раст за новосоздадени работни места предвидува финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената.

Мерките предвидуваат и дополнителни 2% финансиска поддршка за секоја 10% повисока плата, до максимални 16%.

Воедно, државата ќе стимулира отворање на високоплатени работни места со финансиска поддршка од покривање на 20% за исплатени плати кои се двојно повисоки од просечната плата.
За разлика од претходно кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ апсурдно трошеше 12 милиони евра за реклами во домашните медиуми за наводно привлекување на странски инвестиции или 31 милион евра за реклами во странство, сега парите се насочуваат во вистински цели, за поддршка на нови инвестиции и за нови подобро платени работни места.

Владата предводена од СДСМ создава услови младите високообразовани кадри да останат да живеат и работат во Македонија и шанса и реални услови за оние кои заминале да се вратат во својата земја.

Планот за економски раст ја отвора спиралата на пораст на платите и развој на фирмите, а крајниот ефект ќе го почувствуваат граѓаните преку квалитетен животен стандард!

 

Скопје, 17.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести