Соопштение за јавност
Никола Груевски нема што да им понуди на граѓаните освен криминален начин на работа, расипничко трошење на нивните пари, деструкција и лажни вести.
Затоа Груевски е во опозиција и го чека соочување со одговорноста за се она што го направи во изминатите 11 години, на штета на граѓаните и на државата.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да се нарече само коалиција за остварување криминални интереси и ништо повеќе. Таа е коалиција на матните зделки од минатото, на злоупотребите на државните институции, на партизацијата, на беззаконието, таа е коалиција на постојано осиромашување на граѓаните и нивно децениско задолжување.
Многу одамна граѓаните ја препознаа разликата помеѓу криминалниот пристап на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското одговорно работење на Владата предводена од СДСМ во интерес на државата и сите нејзини граѓани.
На локалните избори доаѓа крајот на груевизмот и на локално ниво.
Граѓаните ќе изберат живот во Македонија на сите, во општини за сите.
Скопје, 14.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА