fbpx

Времето кога МВР функционираше како МВРО-ВМРО заврши кога Груевски замина во опозиција, изборите ќе бидат фер и слободни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Лажните вести остануваат очајна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата не може да го сокрие стравот од извесниот пораз на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што институциите повеќе не функционираат како продолжена рака на Никола Груевски и што конечно се враќа правдата и секој оној кој направил каков било криминал ќе мора да одговара за своите постапки.

Заврши времето кога Министерството за внатрешни работи функционираше како МВРО-ВМРО.

Државните институции се реформирани и ослободени од стегите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата работи во служба на законите и во заштита на граѓаните и нивните права.

Локалните избори ќе бидат фер, слободни и регуларни и на нив граѓаните ќе изберат чесна понуда на програми и кандидати на СДСМ наместо досегашните крадоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 12.09.2017 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести