Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа што не плаќа данок преку лажни вести продолжува да глуми загриженост за економијата и државата.
Лошите економски резултати во првата половина од годината се должат на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ и политичката криза што ја создаде Никола Груевски.
Наспроти ова, податоците за БДП во вториот квартал покажуваат стабилен раст на извозот и забрзување на растот на потрошувачката на домаќинствата. Истовремено, во вториот квартал има пад на невработеноста за 0,3 процентни поени во однос на првиот квартал, како и раст на вработеноста од 2,7% во однос на вториот квартал од 2016 година. Едноставно кажано, разрешувањето на политичката криза и промената на власта донесе видливи знаци на опоравување и раздвижување на економијата.
Владата предводена од СДСМ за само 100 дена презеде мерки за заживување на економијата.
Преку ребалансот на Буџетот за 2017 година скратени се непродуктивните трошоци, а зголемени се продуктивните расходи коишто создаваат економски раст. Таквиот пристап уште поинтезивно ќе се користи и во Буџетот за 2018 година со што ќе се остварува поголем економски раст.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не плаќаат ниту данок, СДСМ, преку Владата што ја предводи работи домаќински, одговорно во интерес на граѓаните и државата. Полека но сигурно се санираат штетите од криминалните политики во изминативе 11 години, повеќе пари се враќаат кај граѓаните и се создаваат услови за повисок животен стандард на граѓаните.
Скопје, 11.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА