Соопштение за јавност
Гласот на секој член ќе го слушнеме и ќе го почитуваме. Овие интензивни теренски посети ќе продолжат и во иднина, нашата намера е заедно да ја обновиме СДСМ во директен разговор со секој член и да ја издигнеме на здрави основи и темелни вредности, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната средба со членовите во Дебар.
-Еднаквоста, солидарноста, социјалдемократските вредности се она што не обединува. Само заедно можеме да ја возобновиме партијата, да ја вратиме довербата кај граѓаните. Затоа ќе продолжиме да ги негуваме овие вредности кои се нашиот темел. СДСМ е фактор на стабилност во Македонија од нејзиното осамостојување до денеска и нема да дозволиме оние што сакаат да ги делат граѓаните и да создаваат етнички тензии да успеат во нивните намери, рече Димитријевиќ.
Тука сме заедно да го завршиме успешно и овој процес за избор на претседатели на општинските огранизации. Општинските организации се најважните организациски единици на СДСМ. Да влеземе во новата година целосно ресетирани, кренати, да ја покажеме новата сила на СДСМ, потенцираше тој.