fbpx

Лажни вести, тоа е последната, очајна стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, инситуциите работат законски и во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лажните вести се последната, очајна, деструктивна стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку ниско падна ВМРО-ДПМНЕ покажува денешниот комичен јавен настап на Спиро Ристовски.

Јавно објавена фотографија од дебата во општинска организација не е и не може да биде ниту скандал, ниту криминал.

Очигледно Спиро Ристовски се збунил, па мисли на времето кога тој и неговиот колега Миле Јанакиески вршеа притисоци врз лица вработени на факултети, нарачуваа „пиштење вриштење„, кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога граѓаните се влечеа за уши да гласаат а институците беа партиски испостави и не работеа за граѓаните.

За жал Никола Груевски и Сашо Мијалков се уште ја контролираат партијата којашто нема капацитет да се реформира и само шири лажни вести, сее поделби, омраза.

Оттука и кандидирањето на старо новите крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Спиро Ристовски нека се помират со вистината дека завршија злоупотребите на институците со нивното заминување во опозиција.

Државните институции се реформирани и ослободени од стегите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори ќе бидат фер, слободни и регуларни, а секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба.

Влада предводена од СДСМ работи чесно, одговорно, и во интерес на сите граѓаните.

 

Скопје, 07.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести