fbpx

Пензионерите се оштетени само од лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ работи во интерес на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во страв од извесниот пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ изгуби секаков компас и се заглави во сопствените лаги. Пензионерите се оштетени единствено од лошото владеење на Никола Груевски.

Токму од ВМРО-ДПМНЕ дека стигна признание дека владата предводена од СДСМ ќе им овозможи на пензионерите оваа година да добијат околу 2.000 денари по просечно исплатена пензија.

Со ова признание, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека свесно ги манипулира граѓаните и пензионерите иако до пред некој ден лажеше дека се укинува покачувањето на пензии.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и манипулира во очаен обид да го сокрие срамот заради тоа што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела никакво покачување на пензиите во основниот буџет за 2017.

Новата Влада предводена од СДСМ со своето домаќинско работење, скрати од непродуктивните трошоци, од скапите реклами и богатите ручеци што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше испланирано за трошење и тие финансиски средства ги ослободи за покачување на пензиите по основ на раст на трошоци за живот, за повисока минимална плата од 12.000 денари, за враќање на евтината дневна тарифа на струјата и за други мерки што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 07.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести