Соопштение за јавност
За разлика од репресијата, селективноста и притисоците што институциите под контрола на Никола Груевски ги правеа врз приватниот сектор, денеска државните институции работат професионално во служба на законите и во интерес на граѓаните.
Заврши времето кога моќници од ВМРО-ДПМНЕ нарачуваа казни, хилти и ,,пиштење вриштење” врз фирмите. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку партизираните институции се пресметуваше со неистомислениците.
Државните институции работат одговорно професионално и според законите коишто важат за сите физички и правни лица подеднакво. Ниту еден поединец, ниту едно претпријатие нема да биде над законите како што беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 02.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА