fbpx

Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз администрацијата, реформите обезбедуваат професионални институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Партизацијата, злоупотребата, уцените и притисокот врз вработените во администрацијата беше една од главните одлики на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да бидат сервис на граѓаните, преку масовната партизација и злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, институциите се претворија во сервис за исполнување на желбите на Груевски и соработниците.

Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз институциите од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Започнатиот реформски процес на ослободување на партизираните и заробени институции обезбедува независни и професионални државни институции што работат во интерес на граѓаните. Никогаш повеќе нема да се повтори институциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. По промените на локалните избори, таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт.

Скопје, 02.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести