Соопштение за јавност
Залудни се празните обвинувања и лажната загриженост за економијата на Никола Греувски кога токму тој со неговите сорабтници ги презадолжија граѓаните и ја урнисаа економијата за да можат криминално да се богатат на сметка на осиромашените граѓани.
Економијата, државата и целокупното општество се движат во добар правец откако Груевски замина во опозиција. Граѓаните секојдневно ги гледаат и чувствуваат придобивките од одговорното работење на Владата предводена од СДСМ преку кое се кратат трошоците за лускуз, се намалува јавниот долг, а повеќе пари се враќаат кај граѓаните преку намалените трошоци за живот.
За разлика од криминалното и расипничко трошење на парите на граѓаните за лускуз и криминално богатење на Груевски и соработниците, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со финансиите, ги намалува долговите што токму Груевски ги создаде, обезбедува поголема помош за домашните компании, се со цел за отворање на нови работни места, повисоки плати и севкупен економски раст.
Скопје, 01.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА