fbpx

Стотици милиони евра изнесува штетата од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Владата вложува во инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ преку кое се богатеа поединци, остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот и врз интересите на граѓаните.

Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните апетити на Никола Груевски ги чинат граѓаните најмалку 100 милиони евра, колку што изнесува штетата од пропустите на започнатите автопати.

За разлика од таквиот криминален и расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ посветено работи на решавање на напластените проблеми и работи на унапредување на инфраструктурата во земјава. Доказ за тоа се и бројните потпишани договори со кои се обезбедуваат неповратни средства за развој и модернизација на инфраструктурата.

По промените на локално ниво што ќе се случат на следните избори, ќе се отовори можност преку домаќински и одговорен пристап да се подобри инфраструкрурата и на локално ниво, да се изградат локални и регионални патишта, системи за водоснабдување и канализациски мрежи, во интерес на граѓаните и нивните реални потреби.

Скопје, 01.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести