fbpx

Средба на Тунтев со Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Важно е Собранието да работи непречено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев денеска оствари средба со пратениците од Европскиот парламент Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едvард Кукан. На средбата, присуствуваа и претставници од Европската Комисија.

На средбата се разговараше за повеќе прашања, а во фокусот на разговорите беше напредокот на политичкиот дијалог во Собранието и потребата за вклученост на сите парламентарни групи.

Соговорниците посебно внимание посветија на актуелните процеси во Собранието на Република Македонија, особено на потребата од непречено функционирање на работата на парламентот во наредниот период и пакетот закони што се планира да биде усвоен.

Координаторот Тунтев во името на цела пратеничка група и коалицијата изрази особена благодарност до европските пратеници за интересот што го покажуваат за работата на Собранието на РМ и изрази надеж дека Република Македонија и понатаму ќе има меѓународна поддршка за унапредување на демократските процеси во земјата, спроведувањето на потребните реформи и интеграција во ЕУ.

 

 

 

Последни вести