fbpx

Институциите работат професионално, законски и во интерес на граѓаните, заврши времето на нивна злоупотреба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години масовно и насилнички ги партизираше и заробуваше институциите, не може да се помири со фактот што повеќе не може да ги злоупотребува државните институции за да врши политичко насилие врз неистомислениците.

Заврши времето на институции под контрола на партијата и Никола Груевски.

Инситуциите работат професионално, законски, во интерес на граѓаните и нивните потреби.

Започнатиот процес на ослободување на партизираните и заробени институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува независни и професионални институции, за никогаш повеќе да не се повтори инстуциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

По промените на локалните избори таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт.

Скопје, 31.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести