fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже, вистината е дека се намалува јавниот долг што Груевски го направи заради своите криминални апетити

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести. Не е точно дека јавниот долг се зголемува, вистината е дека јавниот долг е намален.

Граѓаните може да бидат спокојни. Владата предводена од СДСМ успешно и одговорно ги сервисира старите долгови и скапи кредити направени од претходната власт за расипничко трошење во непродуктивни цели.

Вратени се 7.8 милиони евра долг по основ на доспеани хартии од вредност и државна обврзница издадена 2012 година.

Во текот на оваа недела нето износот на јавниот долг намален е за 7.8 милиони евра. Владата предводена од СДСМ работи на стабилизација на јавниот долг кој за прв пат е намален по 2008 година.

Со домаќинско и одговорно раководење со јавните финансии новата Влада предводена од СДСМ ја заштити државата од финансискиот колапс што и се закануваше заради неконтролираните задолжувања и прекумерното трошење на народните пари за задоволување на криминалните апетити на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека парите од буџетот повеќе не завршуваат во џебот на Никола Груевски и криминалната фамилија туку се користат за потребите на граѓаните затоа се обидува да ја лаже и манипулира јавноста.

Парите се враќааат кај граѓаните, се обезбедува повисока минимална плата, субвенции за земјоделците, субвенциониран годишен одмор на работници со ниски приходи, трајно се решава на статусот на 3.000 стечајни работници, се обезбедува поголема поддршка на домашните фирми и инвестиции за вработување на младите. Новото време значи нови придобивки за граѓаните.

Скопје, 31.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести