fbpx

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и осомничениот Делев нема да ги засенат проектите на Владата што се во интерес на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Залудни и очајнички се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и на осомничениот Христијан Делев преку лажни вести да ги засенат успесите на Владата предводена од СДСМ и да го сокријат хаосот што го оставија зад себе од 11 годишното криминално владеење.

Лага е дека се намалуваат бруто и нето просечната плата. Вистината е дека има зголемување и на бруто и на нето просечната плата во месец јуни 2017 во однос на истиот месец во 2016 година заради зголемување на исплатената просечна месечна плата по вработен во дејностите уметност, забава и рекреација, стручни, научни и технички дејности, рударство, вадење на камен.

Граѓаните секојдневно ја гледаат и ја чувствуваат суштинската разлика во управувањето со парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше за криминално богатење на поединци, додека владата на СДСМ ги намалува трошоците за живот и парите ги враќа назад кај граѓаните.

Скопје, 30.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести