fbpx

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ здравството беше едно од најсмртоносните во Европа, новата Влада го унапредува здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Преку лицемерните обвинувања ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да профитира врз несреќите на граѓаните и се обидува да го прикрие хаосот што таа партија го остави во здравствениот систем.

Преку 11 годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем, а здравството во Македонија го направи едно од најсмртоносните во Европа.

Владата предводена од СДСМ го менува таквиот однос кон здравството и преку посветена работа ги санира штетите во здравството и гo унапредува здравствениот систем во интерес пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.

Скопје, 30.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести