fbpx

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави распаднати студентски домови, Владата предводена од СДСМ вложува во подобар студентски стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за студентите, за време на своето 11 годишно владеење ќе работеше на подобрување на студентскиот стандард. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на луксуз и криминални тендери, додека студентите живееја во мизерни услови, во мувлосани и распаднати студентски домови.

За своето децениско владеење ВМРО-ДПМНЕ не само што не изгради ниту еден нов студентски дом, туку поради расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните, студентските домови должеа над 300 милиони денари, односно околу пет милиони евра.

Со одговорниот и домаќински пристап, Владата предводена од СДСМ, ги врати долговите на студентските домови, вложува во квалитетот на образованието и работи на подобрување на ученичкиот и студентски стандард. За таа цел, преку ребалансот на Буџетот за 2017 година обезбедени се нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, а покрај тоа се поправаат штетите и се сервисираат долговите што се последица од криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Скопје, 30.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести