fbpx

Нема поголем натрапник за фирмите од Никола Груевски, Владата на СДСМ е партнер на домашните и на странските компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски, човекот кој ги презадолжи граѓаните и ја опустоши економијата, ги третираше домашните компании и сите оние кои не работеа под негова контрола како извор за негово лично богатење.

За времето на неговото владеење беа затворени над 10.000 фирми, а приватниот сектор постојано беше под притисок од драконски казни и новоизмислени давачки.

Додека домашните компании едвај преживуваа, Груевски низ Македонија носеше лажни странски инвеститори од типот на сомнителните Субрата Рој и Моше Баум со кои се направи дополнителна штета врз граѓаните и буџетот на Република Македонија.

За време на своето владеење Груевски инвестираше единствено во себе преку земените милионски провизии, плацевите на Водно и рекетирањето на фирмите.

Токму во Прилеп неговите министри како Миле Јанакиески беа познати како нарачуваат „пиштење“ и „вриштење“ за фирмите.

Нема поголем натрапник за фирмите од Никола Груевски.

Заврши времето на лажни инвеститори и рекет врз фирмите за криминалното богатење на Никола Груевски. Сега фирмите работат со изедначени услови, ослободени од партискиот рекет на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 29.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести