fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека парите завршуваат кај граѓаните, наместо кај Груевски и неговите соработници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека државните пари се користат за потребите на граѓаните, наместо да завршуваат во џебовите на Никола Груевски и фамилијата, како што беше до неодамна.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира лажни вести и манипулира со граѓаните, свесно мешајќи го издавањето на државни хартии од вредност и промените на девизните резерви. Станува збор за редовна пракса за плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот и со враќањето на кредитот од 2012 година од Дојче Банка тежок 77.3 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ преку домаќинско и одговорно работење го стабилизира јавниот долг кој за првпат е намален после 2008 година. Парите на граѓаните повеќе не се трошат за криминално богатење на Груевски и фамилијата, туку за повисока минимална плата, покачување на пензиите, за решавање на проблемот со стечајците и за нови мерки за вработување.

Скопје, 29.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести