fbpx

Битиќи до Кочоска: Криете трошоци за унагарскиот кредит, колку плативте за консултантни услуги?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Битиќи до Кочоска: Криете трошоци за унагарскиот кредит, колку плативте за консултантни услуги?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска , кое се однесува на унгарскиот кредит, кој беше вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата, и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:

За само шест месеци, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги доведе граѓаните во состојба на финансиска нестабилност, со кредитот создаде финансиски товар и предизвика длабоки импликации врз економските и институционалните процеси во земјава. И покрај ова, Владата остави многу отворени прашања и недоречености.
Од ветената распределба на првата транша од 250 милиони евра, која требаше да започне овој месец, нема ништо. Средствата не се доделени на стопанството, банките сè уште ги немаат критериумите за пласирање, а граѓаните веќе плаќаат камати за неповлечени средства.
Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш, ако не постои јасен план и институционална подготвеност за нивна реализација?
Јавноста заслужува да знае дали, можеби, поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра моравте да потпише Анекс на договорот затоа што парите, поради пропустот, не можете да ги префрлите кон Развојната банка и општините. Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено на Развојната банка поради неликвидност на буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи?
Воедно, се кријат информации за трошоците на кредитот. Годинава, 1 милион евра беа пренаменети за „договорни услуги“, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, нема одговори.
Покрај провизијата од 0,5% за неповлечени средства, добиваме и скриени трошоци за правни услуги кои во суштина немаат никаква врска со македонските институции, затоа што ќе се плаќаат не само за „заштита“ на права на банката, туку и за спроведување на нејзини права од договорот за задолжување.
Едноставно е овде прашањето, на кое граѓаните треба да слушнат одговор – Колку плативте на компанијата која ја избра Унгарската компанија и може ли да ни доставите доказ за тоа?
Во меѓувреме, додека упорно се фалите со историски најниска каматна стапка, а знаејќи дека сме имале пристап и до кредити со 1,6% каматна стапка, намената на кредитот ја проширувате, од инвестиции во опрема и фабрики во изградба на трговски центри. Ова проширување на целите ја зголемува конфузијата и остава впечаток на импровизација, наместо на јасен план за поттикнување на продуктивните капацитети на економијата.
Овие средства се претворени во т.н. корозивен капитал – капитал кој ги еродира институционалните капацитети, ги поткопува демократските процеси и ја зголемува ранливоста на државата пред странски интереси.
Корозивниот капитал има својство да создава неформални економски и политички влијанија кои ги заобиколуваат транспарентните и демократски механизми за носење одлуки.
На овој начин, кредитот, наместо да биде инструмент за прогрес, станува алатка за подлабока институционална зависност и несигурност.
Во однос на финансискиот товар кој е создаден, според пресметките, само за камати на ова задолжување, државата ќе плати 384 милиони евра за првите 500 милиони евра.
Ова значи дека граѓаните ќе платат повеќе по основ на камати, провизии и скриени трошоци отколку што ќе добијат како реална економска корист. Дополнително, јавниот долг се очекува да надмине 70% од БДП.
Ќе сублимирам, прашањето на кое сакам да добија одговор од вас министерке е кои се критериумите за стопанството, зошто се уште не ги објавувате и кога јавно ќе ги објавите?

Последни вести