fbpx

Со серија мерки Владата предводна од СДСМ вистински ги помага земјоделците и парите ги насочува кон нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

За разлика од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто работеше селективно и на штета на земјоделците делејќи субвенции по партиска линија и државно обработиливо земјиште по бизнис релации, сегашната влада предводена од СДСМ работи во интерес на земјоделците и парите ги насочува кон нив.

Уште во првите два месеци од доаѓањето на власт, санирани се штетите направени во земјоделството од претходната власт и донесени се мерки во интерес на земјоделците и унапредување на земјоделското производство.

Обезбедена е поддршка од 10.000 евра, неповратни средства за млад земјоделец. Со тоа Владата ги помага младите регистрирани земјоделци и го поттикнува руралниот развој.

Нови 10 милиони евра се наменети за поддршка на земјоделството, а тоа се пари што ќе стигнат во рацете на овоштарите, полјоделците, лозарите сточарите со што владата предводенаа од СДСМ директно го помага домашното производство на храна.

Се подготвуваат прецизни планови за подобра искористеност на ИПА фондовите во земјоделството, европски пари кои повторно ќе бидат во функција на унапредување и зголемување на земјоделското производство.

За овој краток период од преземањето на власта исплатени се околу 60 милиони евра за субвенции, пари кои завршуваат во рацете на вистинските земјоделци.

Додека ВМРО-ДПМНЕ смислува лажни вести, владата предводена од СДСМ ги санира штетите направени во земјоделството и носи мерки за подобрување на условите за работа на земјоделците!

 

Скопје, 24.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести