fbpx

Воведувањето на евтината тарифа нема да ја поскапи струјата, ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека струјата ќе поскапи за една година и со лажни вести повторно се обидува да ги манипулира граѓаните.

Воведувањето на евтината тарифа нема да ја поскапи струјата.

Бидејќи цената на струјата зависи и од берзанскиот дел на фомирање, што значи дека зависи и од тенденциите на светско ниво, јасно е дека до 1 јули, идната година нема да има никаква корекција на цената на струјата. Таа е регулирана до тогаш и нема никакви очекувања дека цената ќе расте.

Со ваквите лаги што ги пласира станува очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на евтина дневна тарифа на струјата којашто ќе овозможи заштеди и пониски сметки за струја на граѓаните.

Апсурдна е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да биде против можноста граѓаните да заштедат и да ги намалат сметките за струја.

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за некакво поскапување на струјата треба да каже зошто изминативе 11 години додека тие беа власт, цената на струјата поскапе за цели 100%?!

Владата предводена од СДСМ ја враќа во реализација евтината дневна тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина, граѓаните ќе имаат вистинска можност да заштедат на крајната цена што ја плаќаат за струја и ниту една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ не може тоа да го смени!

Скопје, 25.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести