fbpx

Со воведувањето на ефтината тарифа на струјата се овозможува повеќе пари да останат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

За разлика од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја укина евтината дневна тарифа на струјата и ги осиромаши граѓаните, владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето кон граѓаните и ја врати евтината дневна тарифа на струјата!

Со стартувањето на оваа мерка ќе се намалат трошиците за живот бидејќи граѓаните ќе имаат можност да генерираат заштеди на сметките што ги плаќаат за струја.

Дадените ветувања и зацртаните реформи се реализираат, парите се враќаат кон граѓаните.

Од октомври граѓаните на Република Македонија ќе имаа можност секоj работен ден да користат дневна евтина тарифа по два часа во интервалот од 14:00 до 16:00 часот, исто така евтина тарифа ќе можат користат и секој работен ден од 22:00 до 07:00 часот наутро, а за време на викенди, во неделите евтината тарифа ќе биде достапна 24 часа.

Заврши времето во кое претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ненаситно крадеше од граѓаните, ги осиромашуваше, за криминално богатење и луксузирање на Никола Груевски и неколкумина функционери од врвот на ВМРО-ДПМНЕ!

Владата предводена од СДСМ води грижа за животните потреби на граѓаните и го подобрува животниот стандард овозможувајќи повеќе пари да останат во нивните семејни буџети!

 

Скопје, 25.08.2017 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести