fbpx

Нема повеќе МВРО-ВМРО и злоупотреба на полицијата, се работи професионално и во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што повеќе нема МВРО-ВМРО, што повеќе нема сокривање и бегање од одговорност.

МВР повеќе не е неформален општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и не служи за сокривање на убиства, за замолчување на новинари, за лажирање на избори.

Напротив, МВР денес работи професионално, отчетно и ефикасно и секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност.

Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација и ослободување на МВР и на останатите државни институции, со што тие стануваат вистински независен и професионален сервис на граѓаните.

Скопје, 24.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести