Соопштение за јавност
Почитувани,
Функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во поранешните раководни структуири на Централниот регистар за бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ противзаконски го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 22 милиони денари.
Остварената добивка на оваа институција од 22 милиони денари наместо да се слее во државната каса завршила на сметката на Акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен простор, а оттаму овие средства се префрлени на градежна фирма која била изведувач на зграда во центарот на Скопје.
Ваквото расипничкото и противзаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го цедеше буџетот за лични тесно партиски бизнис интереси, а ги осиромашуваше граѓаните.
Тоа време заврши. Новата Влада предводена од СДСМ ги санира штетите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ и парите ги враќа кон граѓаните. Преку низа на мерки, ќе се покачат платите, ќе се реши проблемот на стечајците, се враќа евтината тарифа на струјата, се покачува животниот стандард на граѓаните.
За сите злоупотреби направени на штета на граѓаните ќе следува одговорност!
Скопје, 24.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА